Ракомет
5. August 2019 - 10:48

Почина легендата на ОК Работнички, Христо Модев

Тажна вест за љубителите на одбојката во Македонија и Бугарија откако бугарските медиуми објавија дека на 43-годишна возраст вчера починал Христо Модев еден од најдобрите одбојкари на ОК Работнички, член на генерацијата која пред 12 години избори учество на завршниот фајнал-фор во “Топ - Тим“ купот во организација на ЦЕВ.
Модев кој потекнува од Бугарија играше уште во својата кариера и за ЦСКА и Славија.
Одбојкарот зад себе ја остави сопругата Валентина, како и двете ќерки, Габриела и Келементина.