Балкан
17. February 2019 - 12:56

Почина кралот на српската народна музика - Шабан Шаулиќ

Кралот на српската народна музика Шабан Шаулиќ загина после тешката сообраќајна несреќа во Германија.

Ѕвездата на народната музика во автомобилот, според неофицијални информации, бил со возач и со кумот, а несреќата се случила во околината на Билефелд во кој пеел.

Шабан Шаулиќ потоа итно е префрлен во болница, каде и починал, јавува српски Курир.