Живот
14. October 2020 - 11:35

Почина Кончата Ферел, позната по улогата на Берта во „Два и пол мажи“

Американската телевизиска глумица Кончата Ферел, најпозната по улогата на куќната помошничка Берта во серијата „Два и пол мажи“, почина во 78-та година од животот.

Кончата починала од последици на срцев удар во болница во Калифорнија, опкружена со семејството.

Родена е на 28 март 1943 година во Западна Вирџинија.

Глумеше во бројни комични серии, а најмногу ќе остане запамтена по улогата што ја направи позната во целиот свет – улогата на Берта, која беше единствена што можеше да му се спротивстави на Чарли Харпер.

Од долгогодишната колешка на социјалните мрежи се прости и глумецот Чарли Шин.