Македонија
27. November 2018 - 10:34

Почина градежен работник при пад од скеле во Тафталиџе

Вчера утро во 08,33 часот од Итна медицинска помош пријавено е дека на улица „Лондонска “ во Скопје од објект во изградба, вработениот Ш.Б.(52) од Скопје кој работел во фирма- изведувач на работи, паднал и починал на местото на настанот.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.

Се работи на расчистување на случајот.