Македонија
17. January 2022 - 11:53

Почина 33-годишна битолчанка на Инфективно во Битола

Битолчанка на 33-годишна возраст утринава почина на Инфективно одделение во Битола, пренесува Независен.

Како што информираат од Клиничката болница Битола, девојката била примена вчера вечер како сомнителна на Ковид-19.

Поради брзата и ненадејна смрт побарана е бдукција врз телото на починатата со цел утврдување на причината за смртта.