Македонија
20. May 2021 - 8:42

Почина 24-годишниот внук на убиениот Камер Идризи

Почина 24-годишното момче кое се бореше за живот по престрелката која пред точно една недела се случи во скопски Бутел 2, јавуваат повеќе медиуми.

Во пукотниците кои минатата среда ги вознемирија скопјани, загина Камер Идризи, а неговиот внук се бореше за живот на КАРИЛ.

Во возилото марка „голф“ испукани беа 80 куршуми од автоматско оружје.

Во автомобилот било пукано од црн џип.