Живот
11. April 2018 - 23:19

Побизарно не може: Естетски зафат кој стана најпопуларен во Холивуд

Нов тренд во естетската хирургија полека го освојува Холивуд, а тоа кажува дека стандардите за убавина постојано се менуваат.

Тајлајтинг е најновата процедура во американските и британските клиники за естетска хирургија, а за неа се определуваат жени кои сакаат да имаат мазни, затегнати и обликувани нозе како Бела Хадид, Џенифер Лопез, Кендал Џенер….

Оваа операција им овозможува на клиентките потполна промена на изгледот на ногата, а може да вклучи и голем број болни и инвазивни операции.

Додека другите хируршки процедури најчесто се однесуваат на регулирање на обемот на ногата, тајлајтинг се состои од комбинација на повеќе зафати како што е менување на обемот на бутот, зголемување на потколеницата со импланти, контурирање на внатрешноста и липосукција.

Пластичниот хирург Габриел Чиу од Беверли Хилс објаснува дека овој тренд е инспириран од познатите дами како Анџелина Џоли и Кендал Џенер, кои најчесто носат елегантни фустани со височници.

Очекувано, овој третман воопшто не е евтин. Во зависност од техниката која се користи, оваа процедура чини околу 7 илјади фунти.