Победи за Алкалоид и Гамбит Асеко на стартот на шаховскиот ЕКК
Тимот на Алкалоид го победи МуКонсалт Апелдорнсо максимални 6:0 во првото коло од Европскиот клупски куп што се одржува во Порто Карас, Грција.
Убедлив триумф од 5:1 забележа и вториот македонски претставник во шаховската Лига на шампиони, тимот на Гамбит Асеоко кој играше со Уајт Кнајтс Чесс Клуб.
„Фармацевтите“ со максималниот триумф над холандската екипа потврдија дека и оваа година ќе се борат за највисок пласман. Алкалоид пред две години стана европски шампион, а минатата сезона беше вивепрвак.
Алкалоид настапи во следниот состав: Ју Јангји, Дмитри Андреикин, Дмитри Јаковенко, Павел Елјанов, Трајко Недев и Филип Панчевски.
- Имавме искусен и силен противник, кој беше мотивиран да ја постигне и првата победа против реномираниот „Алкалоид“. Но сепак, имавме сериозен пристап, и покрај тоа што бевме фаворити, не смеевме да се опуштиме, туку напротив овој дуел го добивме на високо ниво, изјави Недев.
Во второто коло Алкалоид игра со израелски Реховот Чесс Скул, додека Гамбит Асеко се среќава со грчкиот претставник Тесалоникуис.
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење