Фудбал
23. December 2019 - 20:18

Победи на Наполи и Леванте, гол на Спировски во Израел

Одличен настап на македонските интернационалци на  меѓународната фудбалска сцена.  Победи на Наполи и Леванте и гол на Спировски  во првенството на Израел. 
Младата ѕвезда на Наполи, Елиф Елмаз учествуваше во постигнувањето на  вториот гол за Наполи по кој  неговата екипа прослави победа од 2-1 на тешкото гостување кај Сасуоло. 
Драмата се случи во 94м кога Елмас налета на нафрлената топка со глава но за жал овој гол не му е признат како официјален туку е запишан како автогол на Педро Обианг. Како и да е македонскиот репрезентативец со влегувањето во последните 20 минути ја раздвижи играта на тимот на Гатузо и помогна да се извојува значајна победа откако Траоре го доведе Сасуоло до водство а израмни во вториот дел Алан. 
Значаен настап и на  Енис Барди во дресот на Леванте во шпанското првенство на меч со Селта Виго кој неговиот тим го доби со 3-1.  Победата не дојде лесно бидејќи гостите први го отворија резултатот со погодокот на Аспас во 12м.  Пресвртот дојде во вториот дел со двата гола на Роџер додека конечниот резултат беше дело на Мајорал во 91. минута. Барди го одигра целиот натпревар и заработи жолт картон. 
Во листата на стрелците  успеа да се запише Стефан Спировски на куп дуелот со Хапоел Хатамон на кој неговата екипа Хапоел од Тел Авив славеше со 2-0 и избори пласман во осминафиналната фаза.  Мечот беше решен во продолжението кога Спировски го постигна вториот гол на натпреварот со што ја потврди победата.