Loading Video...
Кошарка
21. December 2018 - 16:06

Победи на Клиперси и Мајами, нов рекорд на Лука Дончиќ

Во НБА лигата беа одиграни само два натпревари, во кои се радуваа домаќините. 
 
Мајами ја прекина победничката низа од пет меча на Хјустон, совладувајќи го со 101-99. Овојпат дабл-дабл ефектот на Џејмс Харден од 35 поени и 12 скокови не беше доволен Хјустон да се радува на победа. Покрај поразот „Ракетите“ го загубија и Крис Пол кој се здоби со повреда, па засега неизвесно е колку Хјустон нема да може да смета на искусниот плејмејкер. 
 
На дуелот во Лос Анџелес „Клиперси“ славеа над Далас со 125-121. Галинари со 32 и Вилијамс со 26 поени беа предводници во победничката екипа. 
 
Сепак. Мечот го одбележа новиот брилијантен настап на Лука Донќич кој за Далас оствари учинок од 32 поени, 5 скокови и по 4 асистенции и украдени топки. Со тоа младиот Словенец, стана само вториот играч по Леброн Џејмс кој во 2003-тата имал ваков ефек, а кога во прашање не настапот на тинејџери во најсилната светска кошаркарска лига.