Loading Video...
Кошарка
17. January 2020 - 11:06

Победи на фаворитите

Фаворитите за висок пласман сезонава во НБА лигата забележаа победи на синоќешните средби.
 
Милвоки предводен од Јанис Антетокумпо и неговиот дабл-дабл учинок со 32 поени и 17 скока славеше победа над Бостон со 128-123. 
 
Откако ги совладаа лејкерси кошаркарите на Орландо немаа сили да направат ново изненадување на гостувањето во Лос Анџелес, па загубија од Клиперси со 122-95, дуел на кој домаќините настапија без Крис Пол, но затоа Каваи Ленар постигна 32 поени. 
 
Два натпревари завршија по продолженија. Во првиот, Денвер на гости го победи Голден Стејт со 134-131. Во победничката екипа најдобар беше Србинот, Јокиќ кој на 23-те поени, придодаде 12 скока и 7 асистенции.
 
Во вториот Ју Орлеанс со 138-132 славеше против Јута. Во победничката екипа Брендон Инграм постави личен рекордни со 49 поени, а кај гостите Донован Мичел броеше со 46. 
 
Во последниот меч Њујорк загиби од Феникс со 121-98.