Кошарка
17. January 2016 - 10:54

Победи на Будќност и Партизан во АБА лигата

 
 
 Екипите на Будуќност и Партизан забележаа победи во натпреварите од 20.коло на регионалната кошаркарска АБА лига, одиграни синоќа.
 
Лиредот Будуќност пред својата публика во Посгорица ја совлада Унион Олимпија 89:77, додека Партизан како гостин во Словенија славеше над Крка со 75:70.
 
Претходно, МЗТ Скопје на гостувањето во Загреб, кај Цибона загуби со 68:62.
 
За денеска закажани се средбите, Мега Лекс – Тајфун и Задар – Цедевита. 
 
Колото ќе биде комплетирано во утре со дуелот Црвена Звезда – Металац. 
 
Табела: Будуќност 18-2 (победи-порази), Цедевита 15-4, Црвена Звезда 14-5, Мега 12-7, Цибона 9-11, МЗТ Скопје Аеродром 8-12, Игокеа 8-12, Партизан 8-12, Крка 8-12, У. Олимпија 7-13, Металац 8-11, Задар 8-11, Сутјеска 7-13 и Тајфун 7-12.