Фудбал
22. January 2016 - 10:58

Победа на Севилја и реми на Валенсија во четвртфиналето на „Копа дел Реј“

Во фудбалскиот Куп на Шпанија, синоќа се одиграа два натпревари, во кои Севилја го победи Мирандес, а Валенсија одигра нерешено со Лас Палмас. 
 
На „Местаља“ гостите од Лас Палмас поведоа со автоголот на Захибо (38-минута), а Валенсија израмни на 1:1 преку Пако Анкасер (61).
 
Севилја, ја оправда фаворитската улога против екипата на Мирандес совладувајќи ја со 2:0 со головите на Н’зонзи (20-минута) и Витоло (90). 
 
Во првите два меча од оваа рунда одиграни во средата, гостинска победа оствари и Барселона над Атлетик Билбао со 2:1, а единствено немаше голови на мечот Селта Виго – Атлетико Мадрид (0:0). 
 
Реванш натпреварите ќе се играат на 27 јануари.