Loading Video...
Кошарка
10. October 2020 - 15:13

Победа на Мајами за продолжување на финалето во НБА лигата

Екипата на Мајами забележа победа со 111-108 над ЛА Лејкерс со што ја намали предноста на противникот на 3-2 во победи, а со тоа и ја продолжи неизвесноста во финалето на НБА лигата. 
 
Џими Батлер кој го одигра речиси целиот натпревар, беше најзаслужен за оваа победа на Мајами. Батлер средбата ја заврши со нов трипл-дабл, односно на 
35 поени придодаде 12 скока и 11 асистенции. 
 
На Лејкејси не им помогнаа ниту 40-те поени на Леброн Џејмс, како и дабл-дабл учинокот на Ентони Дејвис со 28 поени и 12 скока. 
 
Следната можност за освојување на шампионскиот трофеј, тимот од ЛА ќе ја има веќе во понеделник во дуелот број шест кој ќе започне од 1 часот и 30 минути по полноќ