Loading Video...
Кошарка
30. December 2017 - 16:00

Победа на Црвена звезда на гостувањето кај „манекените“ од Милано

 
Екипата на Црвена Звезда забележа нова победа во кошаркарската Евролига. 
 
По поразите на претходните два меча црвено-белите синоќа на гостувањето во Милано го совлада Армани со 91:88. 
 
Ова за „црвено-белите“ беше шести триумф по 15 одиграни натпревари, додека Милано остана на последното место со четири победи.
 
Македонскиот интернационалец во дресот на Црвена Звезда Перо Антиќ, дуелот го заврши со 5 поени, 4 скокови и 5 асистенции, додека Американецот со македонски пасош кај Милано, Џордан Теодор постигна 10 поени. 
 
На другите дуели од 15.коло одиграни синоќа: Басконија - ЦСКА Москва 81:90, Химки - Барселона 65:79 и Анадолу Ефес - Бамберг 69:58.
 
Лидер на табелата е ЦСКА Москва со скор 12 победи и 3 порази.
 
Евролигашите ќе направат кратка пауза за новогодишните празници, а со натпреварите продолжуваат веќе на 4 и 5 јануари