Македонија
3. April 2020 - 14:52

Побаран притвор за насилниците од Штип

Штипското обвинителство бара притвор за двајцата насилници кои тепаа девојка. Момчињата на возраст од 23 и 26 години обвинети се за кривично дело насилство со што им се заканува затворска казна до пет години. На распитот кај јавниот обвинител, откриле дека 21 годишната девојка ја тепале на почетокот од годинава. Насилството го започнале во нејзиниот дом а малтретирањето продолжило и во влез на колективна зграда.

„Осомничените во текот на јануари 2020 година, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата каде престојувала и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата. Потоа со влечење на однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството“, се вели во известувањето од обвинителството.

Двете момчиња тепањето го снимале со телефон. Снимката вчера беше објавена на интернет од која се гледа како со клоци и тупаници двајцата насилници крвнички ја тепаат девојката. Се слуша и како бараат да каже дали е бремена.

Осомничените во текот на денот се очекува да бидат изведен пред судија на претходна постапка по што ќе се знае дали ќе им биде одреден притвор.