Македонија
3. October 2020 - 15:55

По вчерашната забава Пазарна го затвори локалот „Мош“

Издадено решение од Пазарен инспекторат за затворање на ексклузивниот ланч бар „Мош“ во центарот на Скопје, објави Фактор.

Директорот на инспекторатот Стојко Пауновски за порталот рекол дека решението за затворање на познатиот скопски бар е од минатата недела, а кривична пријава има од синоќа по гостувањето на српскиот пејач Владо Георгиев.

 

 

На видеото испратено од Пауновски се гледа прекршување на сите протоколи за заштита од корона вирусот.