-->
-->
По убиството на претседателот во Хаити е прогласена состојба на опсада
-->
Вршителот на должноста премиер на Хаити, Клод Жозеф денеска прогласи состојба на опсада во земјата, по убиството на претседателот Жовенел Моиз.
Жозеф изјави дека не сака нацијата да „западне во хаос“ по атентатот врз претседателот, пренесе Си-Ен-Ен.
Тој додаде дека одлуката за прогласување состојба на опсада е донесена на вонреден состанок на Советот на министри.
Според законите на Хаити, постојат три нивоа на вонредна состојба – вонредна состојба е најниското ниво, следи состојба на опсада, а највисоко ниво е воена состојба.
Опасната ситуација значи дека сите граници се затворени, како и дека привремено се воведува и воена состојба, а армијата и националната полиција на Хаити имаат овластувања за спроведување на законот.
Жозеф ги повика граѓаните да бидат смирени и вети дека ќе ги изведе пред лицето на правдата оние кои се вмешани во атентатот врз претседателот.
Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, рано утринава беше убиен од неидентификувани напаѓачи во неговата резиденција на нехуман и варварски чин, а сопругата на претседателот беше ранета и подоцна им подлегна на повредите, изјави Жозеф.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива