По трансплантацијата едниот бубрег од Емилија Динева не профункционирал
Едниот трансплантиран бубрег кој го донираше семеството на починатата Емилија Динева не профункционирал и морал да биде изваден, потврдиД-р Сашо Дохчев, директор на Урологија.
Откако на Емилија Динева и беше дијагностицирана мозочната смрт, нејзините најблиски одлучија да ги донираат нејзиното срце и бубрези. Срцето на Емилија Динева го доби Иван Огненовски, што беше прва трансплантација од ваков тип во историјата на Македонија.
Министерството за здравство објави и дека нејзините бубрези треба да го направат полесен животот на двајца пациенти кои со години беа на дијализа. Операцијата траела девет и пол час за да се најде прикладна вена и да се поврзе бубрегот со артеријата.
- Успеавме некако да најдеме и да го поврземе бубрегот со артеријата и се израдувавме. Првите капки на урина ги добивме при самата операција. Тоа беше голема радост за сите нас. После 11 минути од пуштањето на крвотокот во бубрегот успеавме и добивме успешна диуреза. Помисливме дека во подоцнежниот период ќе почне да профункционира бубрегот уште подобро, но за жал онаа дискрепанца меѓу дотокот на крв во бубрегот и помалиот одвод на крв направи проблем, рече д-р Дохчев во емисијата„Слободна ТВ“.
Ново на Сител
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите