Македонија
31. August 2021 - 12:45

По Тетово и Гостивар и Струга побара одложување на почетокот на новата учебна година со физичко присуство

Струга бара пролонгирање на почетокот на учебната година. Поради лошата епидемиолошка состојба и зголемениот број на заболени од коронавирусот општината поднесе барање до Владата, Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести наместо на 1 стартот да започне на 20 септември.

Се јавија предлози за почеток на наставата преку on-line предавања, но директорите на основните, а и средните училишта потенцираа дека во моментов не се подготвени за таков вид настава, особено средното стручно училиште.

Од тие причини, поврзани со епидемиолошката состојба во Струга, а и моменталните организациски услови во училиштата, при што доколку би имало настава учениците би биле во постојан контакт, особено на големите одмори каде заеднички се дружат, купуваат храна и го користат транспортот оние ученици кои патуваат од руралните средини што би било од негативно значење за нивното и здравјато на наставниот кадар)стои во соопштението на локалната.

Во Струга каде обично се прават 100 до 120 тестови дневно, секој четврти резултат е позитивен на ковид 19 , моментално се хоспитализирани 27 пациенти во модуларната болница и и 12 во интерното одлеение

Во охридската болница пак моментално хоспитализирани се 42 лица од кои 21 се на кислородна подршка и со потешка клиничка слика , најмладиот пациент има само 30 години.