Бизнис
14. February 2019 - 21:49

По скандалозните вработувања, Манчевски најави нов закон за справување со непотизам

Со законоски измени ќе се спречи непотизмот во земјава. По низата реакции и критики од јавноста во врска со скандалозните вработувања на роднини и блиски пријатели на владини функционери минисетерот Манчевски најави ново законско решение со кое ќе се промени начинот на вработување на менаџери и раководсни позиции. Посочи дека следната недела ќе биде и презентиран и планот за оптимизаицја на јавната администрација.

Пред само неколку дена Манчевски вработувањето на  роднините на  функционерите од владата го правдаше со тоа дека 10 години членовите на СДСМ биле најдискриминирани граѓани во земјава, не можеле да се вработата ниту во државни инситуции нту во приванти компании

Реакции за непотизнам во јавноста предвизвикаа вработувањата на синот и братот на пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска како и унпаредувањето на нејзиниот сопруг. Државна работа добија дедото на генералниот секретар на СДСМ Кирацовски, ќерката на престедателот на собранието  Џафери, сестрата на минисетрот за економија Бектеши, синовите на  пратеникот Горан Мисовски, Љубомир Фрчковски, Мирслав Грчев, Владо Бучковски, сестрата на министерто за култура Асаф Адеми.