Македонија
24. January 2023 - 16:32

По седум месеци одложување почна судскиот процес за Јилдиз Веаповска, докторите не чувствуваат вина

По седум месеци одлагање денес започна судењето за родилката од Дебар. Веапоска посочи дека сеуште има болки и трауми од породувањето по кое остана без бубрег, матка и јајник додавајќи дека не престануваат да и одекнуваат гласовите од докторот Асани и сирените на медицинската помош. На породувањето кое било извршено со царски рез и ја оштетиле најнапред левата бубрежна артерија а со терапијата која и ја дале дополнително и се влошило настанала огромна загуба на крв и западнала во состојба на шок.

Докторите не сакаа да зборуваат пред камера тие во судница кажаа дека не се чуствуваат виновни за кривичното дело иако обвинителството ги гони за тешки дела против здравјето на луѓето.

Следното рочиште е закажано за 10 март.

Во случајот се гонат тројца лекари од струшката болница. Првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот како лекар-специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар-гинеколог акушер, кои при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување родилкaта од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба поради што таа остана без три органи.