Македонија
14. April 2023 - 16:48

По претходна расправија едно лице му го скршило стаклото од возилото, бегајќи се судрил со други две возила

На 13.04.2023 околу 21.00 часот пред трговски центар на подрачје на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „форд“, со тврд предмет го скршило стаклото од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано И.П.(39) од Скопје, кој бегајќи со возилото, учествувал во сообраќајна незгода со уште две возила. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.