Loading Video...
Ракомет
26. November 2020 - 15:57

По поразот од Киелце, вардарци ги добија термините за дуелите со ПСЖ и Порто

Ракометарите на Вардар за само седум дена претрпеа два порази од полскиот тим Киелце. Црвено-црните следната недела ги очекуваат уште две тешки гостувања. 
 
Трет пораз на сеуште актуелниот европски првак Вардар во лигата на шампионите. Откако пред седум дена од Киелце во Скопје загубија со четири (29:33), синоќа вардарци на гостувањето во Полска беа поразени со седум гола разлика (36:29).
 
- Во првиот дел почнавме доста добро, но имавме проблем со брзата транзиција посебно во вториот дел од првото полувреме, а тим како Киелце кој во овој момент можеби е најдобриот во светот кога се говори за транзиција, знаеше како да не казни. Во одбрана игравме без енергија, посебно кога бевме во ситуација еден на еден. На крајот, ова е реален резултат, изјави по натпреварот вардаровиот тренер Стевче Алушовски.
 
А, денеска вардарци ги добија и термините за одложените натпревар против ПСЖ и Порто. 
 
Веќе во вторник на 1 декември (18:45 ч.), ракометарите на Вардар ќе ги гостуваат на францускиот шампион ПСЖ, додека мечот против Порто кој ЕХФ првично го закажа за 2 декември е презакажан за ден подоцна, па Вардарци од Париз веднаш заминуваат за Португалија, каде во четврток на четврток (3 декември – 20:45 ч.) ќе го одиграат мечот против Порто. 
 
А, токму следните противници на Вардар, екипите на ПСЖ и Порто веќерва ќе го играат меѓусебниот натпревар од групата А.