По две недели изгаснат најразорниот овогодишен пожар во Калифорнија
Најразорниот пожар оваа година во Калифорнија, што уништи површина од 310 квадратни километри во округот Соном и голем број домаќинства, беше официјално прогласен за изгаснат, две недели по избувнувањето.
Пожарот, наречен Кинкад, изгоре третина од 101.000 хектари колку што изгореа во Калифорнија од јануари.
Повеќе од 400 објекти беа оштетени или уништени во Кинкада, или повеќе од половина од уништените објекти од сите пожари оваа година, според Калифорнискиот оддел за шуми и заштита од пожари.
Во историјата на Калифорнија, големите пожари од 2017 и 2018 година беа најсмртоносни и направија најголема штета.
За време на тие две години, речиси 150 луѓе беа загинаа, меѓу кои 85 во пожар во северниот град Рајот пред една година и се води како пожар со најмногу жртви во таа држава.
Билансот за 2019 година е – изгорени 101.000 хектари и е далеку под 485.000 хектари и 647.000 хектари во 2017 и 2018 година.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани