Македонија
16. May 2022 - 12:22

По цели 20 години штипските пожарникари добија нова опрема

После 2 децении штипската против пожарна единица доби нова опрема. Се работи за 36 броја огноотпорни униформи наменети за гаснење на шумски пожари. 

Досега противпожарната единица користеше дотрајана опрема која беше донирана од страна на доброволни друштва од други држави. Се надевам дека со ваква професионална опрема ќе одолееме на сите предизвици, изјави Дарко Коцев, командир на ТППЕ - Штип.

Градоначалникот на општината Иван Јорданов, истакна дека очекува деновиве да пристигне и новото противпожарно возило, со што ќе се осовремени возниот парк, како и нови донации во опрема од американската амбасада во Македонија.

Со ова целокупно ќе го заокрушиме проектот со кој што ја модернизираме противпожарнат единица и опремата со која ќе оперираат во претстојниотпериод на ризични денови и месеци од шумски пожари нашите пожарникари, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Опремата е во вредност од 2,4 милиони денари и е обезбедена преку ИПА програмата за прекугранична соработка.