-->
-->
По Антониа Гиговска и Владо Јаневски го откажа настапот за прославата за Охридскиот рамковен договор
-->
И Владо Јаневски го откажа настапот на фестивалот организиран од Министерството за политички систем и односи во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава.
Преку „Инстаграм“ пејачот порачува дека нема да пее на прославата на плоштадот „Скендербег“.
Но, на страницата на Министерството најавата сè уште стои.
Претходно Антониа Гиговска го откажа настапот на таканаречениот „Peace festival“, велејќи дека менаџментот прифатил ангажман за кој не знаеле дека има политичка конотација.
На фестивалот кој ќе се одржи оваа сабота, 13 август 2022, на плоштадот Скендербег во Скопје ќе настапат и многу албански ѕвезди, кои на својот профил ги промовираше министерот Артан Груби:
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно