-->
-->
По 6.000 денари за секое новороденче во Старо Нагоричане
-->
Општина Старо Нагоричане ќе исплаќа по 6.000 денари за секое новороденче.
Со оваа одлука што ја донесе Советот на Општината на последната седница, се менува досегашната од пред дванаесет години со која за секое новороденче се исплаќаа по 50 евра во денарска противредност.
Одлуката ќе стапи во сила осум дена од објавувањето во Службен гласник на општина Старо Нагоричане.
Покрај оваа одлука, советниците на последната седница одлучија да остане одлуката донесена за ослободување од плаќање 15 метри кубни потрошена вода за пиење во рок од две години за секое семејство во Општина Старо Нагоричане кое е приклучено на системот за водоснабдување преку Јавното комунално претпријатие „Козјак" Старо Нагоричане.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот
-
Преглед на вестите од светот
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти