Фудбал
16. October 2016 - 14:25

ПМФЛ: Силекс домаќин на Шкендија

Во фудбалскиот шампионат на Македонија, односно ПМФЛ попладнево се играат четири средби од 10.коло.

 
Најинтересно се очекува да биде во Кратово каде Силекс ја пречекува екипата на Шкендија. 
 
На стадионот во Чаир кај Шкупи гостива шампионот Вардар, додека во пелагониското дерби Пелистер е домаќин на Победа. 
 
Во последниот меч ќе играат Ренова – Брегалница.
 
Вчера во првиот натпревар од оваа рунда Работнички со пресврт и гол во последните секунди ја совлада Македонија ЃП со 2-1.
 
ТАБЕЛА: