Фудбал
27. September 2017 - 17:51

ПМФЛ: Работнички и Силекс одиграа без голови

 
Екипите на Работнички и Силекс го одиграа единствениот натпревар во 8.коло на ПМФЛ без постигнат гол 0-0.
 
Тетовското дерби го доби Шкендија која со 2-0 ја победи Ренова со головите на Бесарт Ибраими (6) и Ферхан Хасани (34-мунита).
 
Во Прилеп, фудбалерите на ПОбеда постигнаа шет гола во мечот против Скопје кој го довија со 4-2. 
 
Стрелци на головите за победа беа: Благоја Гешоски (29-минута), Дарко Илиески (45), Дејан Цветановски (49) и Борче Маневски (0+3). За екипата на Скопје голови постигнаа, Милош Џугурдиќ (40), како и домашниот фудбалер Ристе Илијовски (55) кој со постигна автогол. 
 
Дуелот  меѓу Шкупи и Пелистер заврши нерешено 1-1. Гостите поведоа преку Оливер Пеев (42), а израмни Ален Јашаровски (69). 
 
Средбата меѓу Академија Пандев и Вардар е одложена поради настап на македонскиот првак во Лига Европа.
 
Табела: Шкендија 22 бодови, Академија Пандев 14 (-1 натпревар помалку), Вардар 13 (-2), Шкупи 12, Силекс 10, Пелистер 9, Победа 8, Работнички 6 (-1), Ренова 6 и  Скопје 3.