Фудбал
19. September 2015 - 18:23

ПМФЛ: Нова победа на „дебитантот„ Младост Ц.Д.

Со натпреварот Брегалница – Младост ЦД, одигран попладнево отворена е 7.та рунда во ПМФЛ.

На средбата одиграна во Кочани „новајлијата„ во прволигашката конкуренција Младост како гостин, забележа победа над Брегалница со 3:2.
 
До четвртата победа во шестиот прволигашки натпревар екипата од Царев Двор стигна со двата погодоци на Благојче Марковски (11 и 78-минута) и голот на Наум Вељаноски (44). Головите за Брегалница која постојано бркаше негатива ги постигнаа Стефан Коцев (36) и Ангел Нацев (67).
 
Со оваа победа Младост се искачи на 3-место на табелата, во исчекување на резултатите од утрешните натпревари во кои ќе играат: 
 
Работнички -  Шкендија
Ренова - Вардар ___ Боговиње
Хоризонт Турново – Металург  
Силекс – Шкупи 
 
Почетокот на натпреварите е од 15.30 часот.
 
Табела: 
  1. Вардар 16 бодови, 
  2. Шкендија 15, 
  3. Младост ЦД 12, 
  4. Силекс 10, 
  5. Шкупи 8, 
  6. Работнички 7, 
  7. Брегалница 6, 
  8. Хоризонт Т. 5, 
  9. Ренова 4 и 
  10. Металург 1.