Пленковиќ: Односите со Србија се многу важни за Хрватска
Односите со Србија се многу важни за Хрватска, оцени хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, наведувајќи дека е време во текот на оваа година да се „адресираат сите теми“ и оти сака неговата Влада да ги решава проблемите.
Пленковиќ пред новинарите во Загреб потврди дека заедно со српскиот колега Алексадар Вучиќ на Светскиот економски форум во Давос ќе учествуваат на еден панел и дека „сигурно ќе имаат можност и да поразговараат“.
- Ќе бидам со Вучиќ на еден панел и сигурно ќе имаме можноста за разговор. Сакам оваа Влада да ги решава проблемите, затоа што односите со Србија се важни за Хрватска, истакна Пленковиќ.
Тој нагласи дека постојат повеќе теми од „времето на големосрпската агресија на Милошевиќ“, што се однесуваат на прашањата за исчезнатите, границите, културното наследство и надлежностите на српското законодавство.
Според Пленковиќ, на девен ред ќе бидат и теми за економската соработка и интересите на хрватските компании на пазарот на Србија и на српските компании во Хрватска.
- Значи, 2017 година е време на зрел начин да ги адресираме сите теми и сакам оваа Влада да биде „проблем солвинг“ Влада, заклучи Пленковиќ.
Ново на Сител
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019