Пленковиќ: Хрватска не ја обврзува арбитражата со Словенија
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Загреб ја очекува пресудата од Арбитражниот суд за територијалниот спор со Словенија, но додаде дека сепак ќе ја почитува одлуката на Саборот од јули 2015 година - Хрватска да излезе од процесот на арбитражата и на никаков начин да не биде поврзана со пресудата.
- На тој начин и ја очекуваме пресудата што ќе биде донесена на 29 јуни попладне. Остануваме отворени за разговори со Словенија за сите прашања, вклучително и за прашањето за границите, наведе Пленковиќ.
Словенечкиот премиер Миро Церар претходно изрази задоволство од најавата на Арбитражниот суд дека на 29 јуни ќе ја објави одлуката во врска со хрватско-словенечкиот граничен спор околу разграничувањето во Пиранскиот Залив, нагласувајќи дека неговата Влада е подготвена да ја спроведе таа одлука.
- Пресудата на Арбитражниот суд за нашата граница со Хрватска е од голема важност. Станува збор за историска одлука за двете земји, истакна Церар, наведувајќи дека неговата Влада ќе ја почитува одлуката и дека истото го очекува и од Хрватска.
Ново на Сител
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД