-->
-->
Плеј оф: Вардар победи на гостувањето во Битола
-->
Ракометарите на македонскиот првак Вардар ја остварија првата победа во плеј офот во борбата за шампионската титула, откако вечерва во одложениот дуел од 2.коло го победија Работник Еурофарм во Битола со 24:19 (14:12). Натпреварот беше одложен поради учеството на Вардар на завршниот турнир од СЕХА лигата.
Вардар на полувреме имаше само два гола предност 14:12, но во вториот дел одбраната на Вардар на противникот му дозволи да постигне само седум голови.
Најефикасен на дуелот беше Иван Чупиќ (Вардар) со 7 голови, додека Лазо Мајнов (Работник) постигна најмногу шест во својата екипа.
Вардар утре од 15 часот ќе одиграат уште еден одложен натпревар против Пелистер на домашен терен, а утре се игра и првиот дуел од 4.коло меѓу Борец и Металург.
Табела: Металург 9 бодови (3 натпревари), Охрид 6 (3), Вардар 3 (2), Пелистер 3 (2), Еурофарм Работник 3 (3) и Борец 0 (3).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ