-->
-->
Плеј оф: МЗТ Скопје поведе во финалето против Куманово (2-1)
-->
Кошаркарите на шампионот МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 2-1 во финалната серија од плеј офот против Куманово откако синоќа во третиот натпревар на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ славеа победа со 91:73. За одбрана на титулата потребна им е уште една победа.
Резултат по четвртини: 25:20; 23:23; 22:19 и 21:11.
МЗТ Скопје имаше добар почеток на натпреварот и водство од 15:4 во 5.минута. Гостите од Куманово само еднаш имаа водство во 14.минута кога поведоа со 32:31, но домашниот тим брзо ја врати предноста. МЗТ Скопје во 24.минута вторпат поведе со двоцифрена разлика (57:47). Во последните две минути шампионот МЗТ Скопје „влезе“ со двоцифрена предност – 84:73 со што ја навести победата.
Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Дамјан Стојановски со 19 поени, додека кај Куманово најмногу поени постигна Александар Костоски со 18.
Следниот дуел се игра во петок (27.мај) во Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите