Македонија
14. јуни 2021 - 16:40

Платите на судиите ќе се зголемат за 15 проценти

Антикорупциска да утврди дали судија поротник во предметот Талир има судир на интереси, бара ВМРО-ДПМНЕ.. Од партијата која е обвинета во случајот, тврдат дека поротникот е член на Партијата на пензионери, што било спротивно на Законот за судови кој забранува тие да се политички обоени.

Претходно партијата обелодени дека на истиот советник веќе му завршил и мандатот бидејќи наполнил 60 години, но Кривичниот суд не побарал да биде разрешен.

Од Министерството за правда се сомневаат дека законот е нејасен во делот за избор и времетраење на мандатот на поротниците.

Знам дека и во предходните верзии на тие закони поротниците работеле како и сите останати до 64 години, не знам зошто е ова променето, особено што  дел од тие судии поротници се избрани со мандат од четири години, неколку месеци пред да наполнат 60 години, можеби се работи и за некоја правна празнина, изјави Бојан Маричиќ, министер за правда.

Маричиќ пак денеска најави зголемување на платите за судиите. Нивните лични примања, во следните две години ќе пораснат за 15 проценти.

Покачување ќе добијат и судските службеници, но како што вели Маричиќ, за колку ќе се зголемат нивните плати, дополнително ќе се утврдува.