Бизнис
6. April 2016 - 8:38

Платежната агенција и АД Водостопанство ќе потпишат договор за соработка

Главниот извршен директор во АД Водостопанство на Република Македонија Ромео Тренов и директорката во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој  Билјана Вуковиќ денеска ќе потпишат договор за соработка.

Целта на договорот е регулирање на правата и обврските на двете институции во однос на постапките за реализација на инвестициите предвидени со Мерката 124 - Инвестиции во инфраструктура за развој на земјоделството од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.