Балкан
15. February 2018 - 11:42

Плакат со мртовечка глава поставен пред Српската амбасада во Сараево

На влезот на Амбасадата на Србија во Сараево, непознати лица залепиле плакат на кој е нацртната мртовечка глава, а под него пишува „Четници костобацани“.

Српскиот амбасадор во БиХ, Станимир Вукичевиќ изјави дека инцидентот се случил вчера попладне, по што билa информирана полицијата која извршилa увид и го зела плакатот на вештачење.

Тој оцени дека плакатот е провокативен и дека немало повод за таква реакција.

Вукичевиќ најави дека Амбасадата ќе ги зајакне безбедносните мерки, бидејќи тоа и е обврска по ваков инцидент.

Србија денеска го одбележува Денот на државноста и по тој повод во Амбасадата во Сараево ќе биде организиран прием.