-->
-->
Пјаниќ откри зошто замина од Рим
-->
Миралем Пјаниќ, кој летово ја напушти Рома и се пресели во Јувентус, за италијанските медиуми проговорил за своето заминување од Рим.
„Јас своето ветување го исполнив, Рома не. Потпишував нови договори, а тие ветуваа дека ќе изградат тим кој ќе биде конкурентен за титулата во Италија. Минаа пет години, а ние не освоивме ништо. Јас сакам да освојувам трофеи, имам 26 години и знам дека мојата кариера нема вечно да трае“, рекол Пјаниќ.
„Јувентус ја следеше мојата кариера неколку години и кога ми стана јасно дека тие сакаат да преминам кај нив веднаш се согласив. Почувствував доверба, исто како во минатото кога од Лион се преселив во Рома“.
Пјаниќ во дресот на Рома одигра 185 натпревари, на кои постигна 30 голови и остварил 46 асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација