Писмо скриено 55 години откри шокантна тајна
Тони Трапани (81) од Мичиген, дури после смртта на својата сопруга дознал за тајната која со години била криена од него.
Кога починала неговата сопруга, Тони со тешко срце отишол до нејзиниот плакар за да го среди за последен пат. Трагајќи по заеднички спомени, нашол писмо кое во 1959 година му го испратила поранешната девојка.
Во писмото пишувало дека станал татко. Господин Трапани, за прв пат оваа недела го запознал својот син, 61-годишниот Семјуел Чајдрес. Тој за Fox News рекол дека е шокиран од постапката на неговата покојна сопруга со која не можел да има деца.
-Не знам зошто не ми кажала дека имам син. Целиот живот страдав затоа што немав деца, а всушност цело време сум имал прекрасен син, раскажал Тони.
Во писмото кое го испратила мајката на Чајлдрес, пишувало дека родила здраво машко дете и дека Трапани е таткото.
Бидејќи одговор на писмото никогаш не стигнал, Чајлдрес и неговата мајка живееле со верување дека Трапани одлучил дека не сака да биде дел од животот на синот.
Семјуел Чајдрес исто така многу страдал за својот татко. „Кога и да ја прашав мајка ми како изгледал мојот татко, таа ми одговараше да се погледнам во огледало. Многу сум среќен што најпосле го пронајдов“, раскажал Чајлдрес.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација