Македонија
2. December 2017 - 12:01

Пиштол и златен накит украдени од куќа во Виница

Вчера во времето од 06,40 до 13,50 часот во Виница, во куќа на В.Г.(56), непознат сторител со помош на погоден алат насилно ја отворил влезната врата, преку која влегол внатре, и одзел пиштол марка „Берета“ модел 3032 кал.7,65мм (кој со дозвола го поседувала оштетената) и разновиден златен накит.

Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 73.000 денари.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.