Loading Video...
Спорт плус
8. January 2021 - 16:30

Пинтуро победи на веле-слаломот во Аделбоден

 
Алескис Пантуро е победник на денешната веле-слаломска трка од Светскиот куп што се одржа во швајцарскиот ски-центар Аделбоден.
 
Французинот до својата трета победата победа сезонава во Светскиот куп стигна пред Хрватот, Филип Зубчиќ кој имаше 1 секунда и 4 стотинки побавно време. 
 
Третото место му припадна на Швајцарецот, Марко Одермат кој заостана 1 секунда и 11 стотинки зад победникот.
 
Со оваа победа Пантуро, кој е лидер во Севкупниот генерален поредок, за зголеми предноста на 60 бодови во однос на Норвежанецот, Андре Омот Килде, кој денеска заврши на четвртото место, зад Одермат, кој пак е и трето рангиран во Генералниот пласмам.
 
Утре во Аделбоден повторно скијачите ќе се натпреваруваат во веле-слалом.