Спорт плус
9. April 2019 - 10:35

Пингпонгот се попопуларен меѓу најмладите

Со учество на 70 натпреварувачи во пионерска конкуренција во Штип се одржа Вториот Телеком Мастерс турнир во пионерска конкуренција. Организатор на турнирот беше ППК Шампион ФА под погровителство на пинг понгарската федерација.
После стандардните квалификации по групи, каде што фаворитите ги оправдаа очекувањето, изненадувањето се случи во конкуренција на пионери во четврт финалето, каде што актуелниот државен првак Даниел Зхоу Главевски беше убедливо поразен со 3:0 од Кенан Асанов, кој покажа дека победата над Зхоу не е случајна и на крајот триумфираше победувајќи го во финалето Лука Стојчев.
 Кај пионерките во финалето според очекувањата се сретнаа, Сара Стојановска и Васе Богоеска, каде што првиот сет и припадна на Богоеска, но наредните три во неизвесна борба ги доби Стојановска.

 

Телеком Мастерс 2 У-15 Пласман

Пионери

1. Кенан Асанов

2. Лука Стојчев

3. Лука Серафимовски, Александар Јакимовски

Пионерки

1. Сара С.Стојановска

2. Васе Богоевска

3. Софија Хасану, Сара Стојановска

Во саботата во Прилеп со свечена манифестација беше обележан интернационалниот ден на пинг понгот. Во организација на ППК Младост 96 под покровителство на ППФМ, на отворен простор беа поставени три пинг понг маси, при што можност да заиграат пинг понг имаа сите случајни минувачи во близина на градскиот часовник во Прилеп. Манифестацијата покажа дека има интерес за пинг понгот кај најмладите генерации, а исто така покажа дека Прилеп е еден од центрите на пинг понгот во нашата држава.

На манифестацијата изјави за медиумите дадоа, Горан Тиловски претседател на ППФМ, Златко Рикалоски потпреседател на ППФМ, како и градоначалникот на општина Прилеп  Д-р Илија Јованоски, кој претходно одигра ревијален натпревар со Гоце Тошески тренер на ППК Младост 96.

 Во саботата исто така беа организирани два локални турнири од клубовите Рома Шутка и Куманово.