Пинета Секондо – Пино ќе биде погребан во Италија, мајката со прашање до осомничената девојка
Пинета Секондо – Пино, дваесет и шестгодишното момче кое беше свирепо убиено, ќе биде погребано во Италија. Неговата мајка Маја Трпковска, која што долги години живее и работи во Италија се враќа во земјава во понеделник.
Во изјава за ,,Фокус“ таа раскажа дека се уште не се знае точниот датум на погребот, и како целото семејство е во многу лоша состојба по последните вести.
-Што можеме да кажеме сега? Јас, помалиот син, сопругот, сите сме за никаде… Во понеделник доаѓам во Скопје, не знаеме уште кога ќе биде погребано нашето дете. Во Скопје ќе се одржи служба во Католичката црква, но Пино ќе биде погребан во Италија, вели мајката.
Пино беше пријавен за исчезнат уште од декември, минатата година. Мајката се бореше да докаже дека на нејзиното дете му се случило нешто лошо, дека не е побегнат од дома, дека никогаш не бил проблематичен. Апелираше до МВР за ажурност, бараше да биде сфатена сериозно. Уште на самиот почеток тврдеше дека девојката А.Ѓ. со која се видел Пино пред да исчезне знае што се случило со него.
-Девојката за која зборував уште од самиот почеток, од Ѓорче Петров, таа која последна го видела Пино, за која се сомневав целото време, таа е осомничена со уште едно лице. Ја ставија и на полиграф, но и полиграфот го измамила. Би ја прашала само, што монструм е? Од мајка ли е родена или од ѓавол?, вели неутешната мајка.
Според Сашо Рајчев, шеф во скопското обвинителство, отворена е истрага за едно, а пријавени се две лица.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка