Фудбал
27. January 2021 - 10:51

Пикси пред промоција во нов селектор на Србија

Еден од најдобрите српски фудбалери на сите времиња Драган Стојковиќ – Пикси ќе биде нов селектор на Србија, објави денеска белградскиот весник „Вечерње новости“.

Весникот наведе дека Пикси веќе постигнал договор со Фудбалската федерација на Србија за годишна плата од еден милион евра и ќе го предводи националниот тим во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар.

Србија е без селектор од средината на минатиот месец по оставката на Славиша Тумбаковиќ.

„Википедија“ веќе ја обнови биографијата на Пикси, назначувајќи ја селекторската должност на клупата на Србија како негов трет тренерски ангажман во кариерата, по јапонска Нагоја и кинески Гуангжу.

Во својата играчката кариера, поранешниот југословенски репрезентативец со успех го носеше дресот на Црвена ѕвезда и Олимпик Марсеј.