Свет
19. August 2018 - 14:31

Пијан се искарал со обезбедувањето на ноќен клуб и влетал во толпата луѓе со автомобил: Седум повредени во Франција

Најмалку 7 лица се повредени, од кои две во критична состојба кога млад маж (14) со автомобил влета во група луѓе пред ноќен клуб во Франција.

Како што наведуваат француските медиуми, по кавгата со обезбедувањето пред клуб во градот Камбре, момчето седнало во автомобил и влетал во толпата. Тој набрзо е уапсен.

Најмалку 7 лица се повредени, вклучувајќи и стражар. Двајца од нив се наводно во критична состојба и префрлени во болници со хеликоптер.

Нападот се случил ноќта меѓу саботата и неделата околу 4.30 часот наутро по локално време.

Напаѓачот, наводно бил пијан и откако не можел да влезе во клубот, се забил со автомобил во луѓето кои биле собрани пред клубот.

Истрагата за нападот е во тек.