Македонија
29. March 2016 - 12:50

Пијан малолетник нападнал полицајци во Свети Николе

На 28.03.2016 година околу 18.05 часот во Свети Никола на ул. „Гоце Делчев“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Н.П. и малолетно лице, двајцата од Св.Николе. Двајца полициски службеници излегле на местото на настанот, но физички биле нападнати од малолетникот, кој најверојатно бил под дејство на алкохол. Од нападот, двајцата полициски службеници се здобиле со телесни повреди во пределот на раката, односно во пределот на усната. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.