Пица која чини 2.000 долари
Еден њујоршки ресторан нуди пица вредна 2.000 долари, која меѓу другото, се состои од тартуфи, кавијар од есетра, гускин дроб и 24-каратни ливчиња злато, пишува списанието „Ескваер".
Специјалитетот приготвен на јаглен, е дело на компанијата „Индустри кичен". Синото сирење „Стилтон", кое исто така е една од состојките, е увезено од Англија, тартуфите и гускиниот дроб се од Франција, кавијарот е од Каспиското Море а златните листови од Еквадор.
Маестро Браулио Бунеи, готвачот автор на ова своевидно ремек-дело, дошол до таа идеја, оти неговиот ресторан се наоѓа во непосредна близина на њујоршката финансиска елита, каде секојдневно наминуваат бизнисмени од секаков калибар.
Сепак, за да уживате во оваа закуска, ќе треба да ја нарачате 48 часа претходно.
Ново на Сител
-
Сончево и студено време, со слаб до умерен северен ветер
-
Дел од Старата скопска чаршија утре без вода
-
Навални приведен на московскиот аеродром Шереметјево
-
Вози 255 км на час на македонските патишта и се фали на ТикТок
-
Полицијата апсеше на домашни забави во Скопје
-
Загина 25-годишен ловџија погоден со куршум од лице со кое бил на лов
-
СК: Прва победа во кариерата за Фос Солеваг
-
Повеќе од 95 милиони луѓе во светот се заразени со Ковид-19