Фудбал
26. August 2017 - 12:11

ПФЛ: Силекс во дербито домаќин на Пелистер

Фудбалските прволигаши денеска ќе одиграат три натпревари од 3.коло од Првата лига. Дербито се игра во Кратово каде Силекс, кој има максимален учинок  го пречекува тимот на Пелистер. Повратникот во Првата лига Скопје е домаќин на Ренова, додека Победа пред своите навивачи ќе игра со Шкупи. Почетокот на трите дуели е во 16:30 часот.
 
Утре се игра натпреварот во Тетово меѓу лидерот на табелата Шкендија и Академија Пандев, додека градското дерби меѓу Работнички и Вардар е одложено.
 
Табела: Шкендија 6 бодови, Силекс 6, Академија Пандев 4, Пелистер 4, Вардар 3, Работнички 2, Шкупи 1, Ренова 1, Скопје 0, Победа 0.