Македонија
3. April 2020 - 12:27

Петрушевска: Епидемијата го извади на виделина вистинското лице на власта

Епидемијата го извади на виделина вистинското лице на власта која што заборави дека државата постои за граѓаните.

На прагот на најголемата криза до сега, здравствена и економска, Вие со право сте загрижени. Македонија е пред предизвикот на несигурност и неизвесност.

Граѓаните мора да бидат слушнати. Нивните проблеми, нивните идеи, нивните предлози, нивните решенија. Тие, граѓаните на Македонија се непресушниот извор на ресурси.

Нам блискоста до народот ни е исклучително важна. Како народна партија, потекнуваме од вас и постоиме за вас, за заедно да ги надминеме предизвиците.

Многу пати до сега сме покажале дека заедно можеме се’, заедно ќе се избориме и со овие предизвици.

Пишете ни, испратете ни ги вашите предлози и идеи, пишете ни што ве мачи и како може да се надминат проблемите.

Сите ваши иницијативи внимателно ќе ги разгледаме, и од нив ќе понудиме решенија пред институциите со можност да бидат спроведени.

Вклучете се на иницијативата Вашите проблеми, заеднички до решенија: ЗАТОА ШТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА”.